Услови за користење - HealtyMe

Услови за користење

Општи Услови за користење

 

Сите полнолетни лица (18+) или малолетни лица со надзор и согласност од родител/старател, со добро општо психофизичко здравје можат да се приклучат и да ја користат фитнес/едукативната платформа Healty.Me. Содржината на Фитнес/едукативната платформа е создадена и пласирана од професионалци со долгогодишно искуство но секој корисник е дел од платформата и ја користи истата на своја лична одговорност и без присила. Со самото регистрирање на платформата ги прифаќате општите услови за користење на истата. Секое прекршување, непочитување и неправилно користење на платформата и нејзината содржина ќе биде прекинато со бришење на корисничкиот профил на корисникот и исклучување на можноста за користење на платформата.

 

Медицинско известување и одговорност

 

Преку платформата и нејзината содржина секој корисник ќе има достапност до информации, совети и практики за лично здравје кои подразбираат промена на животниот стил, исхраната, дневните активности и вметнување на редовна физичка активност. Содржината која се презентира преку платформата не е наменета да замени медицинска терапија, да третира или лечи било каква здравствена состојба. Секој член на платформата ја користи содржината целосно на сопствена одговорност и во склад со правилата за користење. Пред да се зачлените и почнете да ја користите платформата преку нејзината содржина, добро би било да се консултирате со лекар доколку имате некаква посебна здравствена состојба која бара професионален третман.
односно пристапот е дозволен САМО на тој или таа кој има платено за предизвикот

 

Услови за користење и регистрација

 

За да ја користите платформата и имате достапност до нејзината содржина, морате да креирате налог со вашата меил адреса и да креирате лозинка за најава. Сите податоци кои ги оставате за креирање на вашиот профил мора да се точни и вистинити, како и ажурирани и активни на денот на креирање на профилот. Проверете ги вашите податоци при креирање на профилот за да ја намалите можноста за грешки.

 

Плаќања, политика на враќање на пари и бесплатни кориснички профили

 

Секој нов корисник при првата најава со својата меил адреса има право и достапност на 7 дневен бесплатен кориснички профил со цел да се запознае со системот на работа на платформата и да добие јасна слика за содржината. По завршување на овој период корисникот може да го откаже целосно својот профил или да продолжи кон уплата на месечна претплата или пак еднократко купување на еден пакет од понудените.

Платформата Healty.Me нуди 2 различни начина за користење на услугите и купување на понудените продукти кои ке ви овозможат целосна или делумна достапност до содржината на платформата, временски ограничен или неограничен пристап:

1. Месечна претплата која подразбира активација на кориснички профил со целосна достапност до содржината на платформата која се надоградува на неделно ниво, со временско ограничување, или достапност до целосната содржина само со активна претплата. Месечната претплата е систем на автоматска наплата на месечно ниво кој што е активен се до моментот на прекинување на истиот од страна на корисникот. Месечната претплата може да се прекине од самиот корисник преку неговиот личен кориснички профил во секое време.

2. Еднократно купување на 1 или повеќе програми кои се достапни за корисникот без временско ограничување (засекогаш) но го лимитираат пристапот до целосната содржина и во кој пакет не се добива новата содржина од самата платформа.

 

Плаќањето се врши онлајн со неколку клика од кога ќе го креирате вашиот кориснички налог.
Healty.Me го задржува правото на промена на цените на пакетите и за истите корисникот ќе виде информиран навремено. Во моментот на плаќање вие се согласувате со општите услови за користење и истите ги прифаќате (се однесува на системот на месечна претплата која се одвива автоматски се до моментот на прекин од страна на корисникот)

Строго е забрането споделување и отстапување на кориснички профил и лозинка на трети лица.

Доколку корисникот не е задоволен од продуктот и целосното искуство на платформата, може да поднесе жалба и барање за поврат на парите на contact@healty.me, а тимот на Healty.Me го задржува правото да го разгледа барањето и да одлучи дали парите ќе бидат вратени и барањето за поврат е основано.

 

Услови за користење на веб сајтот

 

Непречено користење и корисничко искуство без проблеми и пречки на платформата не може да се гарантира. Тимот како и брендот на платформата не одговара за потенцијалните технички проблеми и проблемите настаните во ситуација на прекин на работењето на платформата. Тимот кој што стои позади платформата се обврзува во најкус можен рок да ги санира и отстрани техничките проблеми на веб сајтот поради непречено користење на истиот и целосно корисничко искуство.

 

Заштита и авторски права

 

Целата содржина на веб сајтот е специјално создадена за потребите на платформата и строго се забранува нејзина злоупотреба, копирање или препродавање на содржината, логото и брендот на платформата Healty.Me, акции кои се забранети со закон и подлежат на законска казна. Ние сериозно ја сфаќаме приватноста и безбедноста на Вашите лични податоци, па затоа ве советуваме да се информирате за тоа кои податоци ние може да собираме, користиме и споделуваме за потребите на платформата и вашето корисничко искуство.

 

Како да не контактирате

 

Доколку имате некои прашања, поплаки или пофалби, препораки за подобрување на услугата и целосното корисничко искуство, како и проблеми со плаќањата и политиката за враќање на парите ве молиме контактирајте не на contact@healty.me